Директорски искри меѓу ДУИ и СДСМ откако се дозна дека ЕУ дава милијарда за инфраструктура

Директорски искри меѓу ДУИ и СДСМ откако ЕУ се дозна дека ЕУ дава милијарда за инфраструктура

Се уште доцни именувањето на директори на владини институции иако беше најавено дека на средината на октомври ќе бидат назначени функционерите, јавува ТВ21 која анализира зошто се доцни со именувањата.

Последната најава е дека во вторник ќе бидат договорени неколку имиња. Меѓутоа се уште останува недефинирано кој кое место ќе го заземе и како ќе се поделат функциите ме коалиционите партнери.

Нејасни се и причините за овие одложувања, што го покрева прашањето дали владините партнери едвај можат да се договорат за поделбата на колачот.

ТВ21 дознава дека меѓу најдискутираните претпријатија е токму ЈП Државни патишта кое и беше ветено на ДУИ, но на СДСМ и е тешко да се откаже од него особено откако се дозна дека ЕУ ќе издвои 1 милијарда евра за инфраструктура, велат нашите извори.

Артан Груби од ДУИ тврди дека нема да има измени на позициите за кои веќе се договориле.

„При крај сме со преговорите за преземањето одговорности и кадровски распределби. Верувам дека следниве денови ќе ги поделиме одговорностите и потребните лица ќе започнат со спроведување на владините програмски одредби, а нема измена во почетната поделба на одговорностите“, посочи Артан Груби.

Од тоа што е познато до сега, се очекува директор на претпријатието Државни патишта да биде Ејуп Рустеми, актуелен директор на Македонски пошти. Во МЕПСО се очекува да биде назначен Куштрим Рамадани, во Фондот за здравствено осигурување, Фатон Ахмети, во АЕК, Јетон Акики, во агенцијата за лекови “Малмед“, Лирим Шабани, а во М-НАВ предложени се две имиња, Миѓен Селмани и Фахредин Хамиди.

Ејуп Рустеми – Државни патишта

Куштрим Рамадани – МЕПСО

Фатон Ахмети – ФЗО

Јетон Акики – АЕК

Лирим Шабани – Агенција за лекови “Малмед“

Миѓен Селмани и Фахредин Хамиди – М-НАВ

Управи кои се очекува да бидат управувани од СДСМ се Царинската управа каде се очекува да биде назначен Горан Сугаревски, Здравствен фонд, Мухамед Зекири, Железници – Инфраструктура, Хари Локвенец, УЈП, Сања Лукаревска и Електрани, Васко Ковачевски.

Не е познато со кои управи ќе раководи Беса. Извори од оваа партија за ТВ21 велат дека “Беса ќе има управи кои никогаш не биле раководени од Албанци“.

Извор: ТВ21

SHARE