Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски на 19 јули треба да се појави пред дисциплинска комисија во Државниот просветен инспекторат (ДПИ).

Дисциплинската постапка е закажана откако тој објави дека се сомнева дека јавни функционери добиле научни звања додека им мирувал стажот на Државниот универзитет во Тетово (Арбер Адеми, Агим Нухиу, Сафет Емрули).

 Постапката е покрената од Африм Саљиу, раководител на секторот за високо образование, а дисциплинската постапка за утврдување дисциплинска одговорност е испратена со потпис на директорот на ДПИ, Томе Спировски.

„Доставив целокупна документација до Народен правобранител, од каде што побарав нивен претставник да биде присутен за време на комисијата. Истото ќе го побарам и од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Вчера доставив барање и до Државната комисија за спречување корупција да бидам заштитен“, вели Илиевски за порталот „Факултети“

SHARE