Дивиот објект кај охридскиот Чинар почна со работа

Почна со работа дивоизградениоит објект – пицеријата „Луна“ кај Чинарот во Охрид кој е сопственост на општинскиот советник од ДУИ Нефи Усеини.

Објектот, кој без градежна дозвола е изграден на државно земјиште и се наоѓа во заштитено подрачје, е целосно уреден и подготвен да ги прими првите гости, а вчера на влезот беа поставени и украсни балони, јави А1.ОН.

Објектот започна да се гради во март годинава, се наоѓа на земјиште на Република Македонија и е дивоградба.
Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески во повеќе наврати јавно кажа дека тоа е диворадба и дека објектот ќе се урива.

Советникот Усеини гради и база на брегот на Охридското Езеро, за која исто така нема дозвола.