Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, за тв 24 вчера изјави дека комисијата не гледа законска пречка за разрешување на директорот на Центар за јавно здравје, Зибери.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера објави дека ќе побара смена на директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, откако тој се пофали дека издејствувал Комисијата за заразни болести да предложи отворање на границите со цел да се вратат иселениците и при тоа да не важат протоколите на Светската здравствена организација за тие да гласаат на изборите за премиер Албанец.

„Ние како комисија не гледаме правни пречки за да се спроведе мислата на министерот, дотолку повеќе што во забраните во изборниот законик и во нашиот закон стои дека се забранува покренување постапка за престанок на работен однос. Тој ќе се промени од функцијата, но неговиот работен однос ќе си продолжи и понатаму како што си работел пред да биде директор. Законот вели дека е забрането започнување на постапка за вработување или за престанок на работен однос, значи за престанок на работен однос, а не за престанок на функција“, рече претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

SHARE