Рускиот премиер Дмитриј Медведев ја распушти Владата по обраќањето на претседателот Владимир Путин.
„Во согласност со член 117 од рускиот устав, актуелната влада си поднесува оставка“, рече Медведев, според кој овопј чекор е поврзан со најавените измени на Уставот кој ги најави претседателот на Руската федеррација, Владимир Путин..

„Како влада на Руската Федерација, мора да му дадеме можност на Претседателот на нашата земја да ги донесе сите потребни одлуки за тоа. Овие промени, кога ќе бидат усвоени, ќе донесат значителни промени, не само во Уставот, туку и во рамнотежата на моќта во државата“ рече Медеведев.

Путин денес предложи амандман на рускиот устав со кој ќе се зголемат овластувањата на парламентот и на владата, потег што некој го оценуваат како намера на Путин пак да застане на челото на власдата и да остане на власт откако ќе заврши неговиот претседателски мандат.

Четвртиот претседателски мандат на Владимир Путин истекува во 2024 година, а според сегашниот устав тој не може да добие душте еден мандат.

Во периодот 2008-2012 Путин беше премиер на Русија, додека Медведев (формално) беше претседател на Русија, па оправдани се сомневањата на некои дека пак е можна рокада.