Дневна доза антизаевизам на Твитер: Премиере каде ти е албанскиот јазик?

Вчера во 22 часот премиерот Заев повторно твитна и ја испровоцира македонската твитер заедница да биде креативна.

Заев најави 5 милијарди евра инвестиции што од речиси сите што коментирале е доживеано како нова лага на премиерот.

Некои прашуваат зошто наводниот циклус се случува по 3 години власт, некои велат дека циклусот личи на предизборните корупции на Груевски а некои пак му посакуваат самиот да добие циклус на стари години.

Дури и некои од луѓето што предходно ги фалеа неговите позиции сега го критикуваат или прават шеги на негова сметка.

Еден македонски граѓанин што живее во Швајцарија го прашува зошто не го употребува и албанскиот јазик во своите постови.

Дел од коментарите:

Не признавам никаков и ивестициски циклус без канализацијата во Арачиново

Каде да пријавам што пушташ фејк нуз?

Ајдеее.
Уште една ЛАГА од твоите.
Од кога си на власт само Кинг Бургер дојде да “инвестира” (сендвичара). Оди си бре.

Еве кај било другото полче од Павлета

Ова ти е досега една од најголемите лаги. Може да се смета за ремек дело!!!

Да бе, 500 милијарди… 😂😂😅🤣
Исто колку што добивме 500 евра плата, европско здравство, не го смени името на криминален начин, правдата важи неселективно и за тебе, нема веќе партиски вработувања и сендвич-северџанија…
Мрш болеснику!!

#НикогашСеверна
#САмоМакедонија

Браво! Е ова е веќе ефектот од облечените железни опинци! Одиме напред!

Ооо ајде аирлија. Него париве се:
1. Од Меркел
2. Од Меркел преку Ципрас
3. Од Грујо/Мијалков/Камчев затоа што се на слобода или?

Доста лажи! Не ти е срам со фејк њуз везден!? Никој веќе не ти верува! А и зошто би ти верувал? Цела држава е продаде, народ, историја, јазик, култура итн! Не заборави, ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО не застарува!

Марихуаната како??? Најголема лична инвестиција до сега!

Останатите коментари во твитот:

SHARE