„До Европа преку Преспа“ – предавање на Димитров во Грац

Министерството за надворешни работи, соопшти дека министерот Никола Димитров, на покана на Универзитетот во Грац, ќе одржи предавање проследено со отворена дискусија на тема „До Европа преку Преспа: Европската интеграција на Северна Македонија.“

Посебен акцент ќе биде ставен на Договорот од Преспа, „европеизацијата“ како процес кој придонесува кон надминување на конфликтите и споровите во регионот, како и актуелните предизвици и идните перспективи на патот кон Европската унија.

SHARE