До кога „бомбите“ ќе се користат како доказ?

„Материјалите од незаконското следење на комуникациите СЈО може да ги обработува најдоцна до 15.9.2020 година, а може да ги користи како доказ само во предметите за кои се поднесени обвиненија до 30 јуни 2017 година“, дознава „Дојче веле“.

Ова е една од одредбите во предложеното законско решение со кое треба да се реши иднината и статусот на СЈО во обвинителскиот систем.

Исто така, според „Дојче веле“ се предлага „бомбите“ кои не се дадени како докази во судовите, да се чуваат во СЈО една година по правосилното завршување на сите постапки што се водат за кривични дела кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

SHARE