По еден и пол часовната средба, во Приштина бил постигнат договор Косово да испрати извештај за мониторинг на икрата што Косово ја извезува во Македонија, по што македонската Агенција за храна и ветеринарство на самото место, во Приштина ќе утврди дали косовската агенција спроведува таква програма за пасивен  и активен мониторинг и дали истата се реализира како што треба.

Косовскиот министер за трговија и индустрија, Ендрит Шала, потврди дека по исполнувањето на овие обврски ќе следи укинувањето на трговските бариери меѓу двете земји.

Министерот Бектеши утре ќе испрати писмо до косовскиот министер, Шала и очекува најкасно до задутре да се повлечат поставените трговски бариери кон Македонија, дознава А1.Он.