Според последните проекции на ОН, најголемото намалување на популацијата ќе биде забележано во земјите од Балканот и Источна Европа.

Најголем дел од населението ќе ја загуби Молдавија (53,8 отсто), Бугарија (50,5 отсто), додека БиХ е трета со претпоставени 48,9 отсто помалку до крајот на векот.

Користејќи ја средната вредност на променливите на прирастот на населението, ОН предвидува дека во првите 30 најзагрозени се и Србија која ќе има 38,5 проценти помалку население,  Хрватска 37,2 проценти, Црна Гора 30,2 проценти.

Проекциите се дека Македонија ќе има 28,8 проценти –помалку население, пренесува „Ал џезира“