Доби ли Захир Беќири – Чауш државна работа!?

Захир Беќири – Чауш стана дел од Институтот за стандардизација (ИСРМ), кој е формиран од владата, дознава „Независен“.

 Од Институтот за весникот не сакале да дадат детали додека не добијат мислење од Комисијата за заштита на лични податоци дали со излегувањето податоци во јавноста за нивните вработени не им ги прекршуваат правата.

Захир и неговиот брат Имер Беќири беа обвинети за фалсификување на лични карти, пасоши како и за изработка и набавка на оружје.

Во 2016 година, Основниот суд Скопје 1 пресуди затвор од 2.5 години за Чауш, односно една година затвор за неговиот брат.