Добила ли фирмата одговорна за опасните материјали во Охис аванс од 600 илјади евра?

Компанија која што имала задача да го исчисти Охис од опасните материјали кои истекоа вчера а во која имало елементи на токсичната хемикалија метил акрилат мономер пред речиси 9 месеци добила аванс во вредност од над 600 илјади евра.

Ова го тврдат судски извори пред кои се води процес за судбината на хемискиот гигант.

Вкупната сума која што требало да ја добие компанијата е над 2 милиони евра од кои една третина биле дадени како аванс на компанијата но 9 месеци подоцна нема резултат.

Извори запознати со случајот за expres. mk тврдат дека ги имаат сите документи за договорот кој некој се обидува да го скрие.

Вчера за случајот реагираше и еколошката иницијатива О2.

Реакцијата во продолжение ви ја пренесуваме во целост:

„6 тони вода со елементи на опасна хемикалија, метил акрилат мономер, се излеале денес во ОХИС. Од Институтот за хемија тврдат дека метил акрилат мономер кој истекол, бил токсичен. Со анализи надвор од земјава треба да се утврди колкави елементи на метил акрилат мономер имало во водата. Инспекцијата не може да потврди колку е ова опасно за граѓаните.

Постапувањето со овој опасен отпад, оставен во ОХИС како историски, е даден на фирмата Екоцентар 97 од Скопје да го извезе надвор од државава.

Интервенцијата и увидот на МВР, инспекциските служби, Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на АРМ, е како резултат на пријава од граѓани кои почувствувале непријатна миризба во околината на фабриката и имале главоболки, печење во грлото и очите.

Прашање до сите надлежни, особено до Државниот инспекторат на животна средина: Зошто фирмата Екоцентар 97 не пријавила согласно протоколот по кој требало да постапува во случај на хаварија?

Хваријата на Арцерол Миттал беше пријавена од граѓани, кога Варадар пожолте, а не од одговорните во челичарата. Сега повторно граѓани пријавуваат зошто смрди, ги печат очи, грло, а не Екоцентар 97.

Граѓаните не треба да се тие кои треба да пријават хаварија која инволвира опасен отпад, токсични хемикалии, зошто ги гледаат, чувствуваат последиците од неа. Одговорните во фирмите, фабриките, погоните се тие кои треба веднаш да пријават до сите надлежни.

Очекуваме највисока казна за Екоцентар 97, една за хаваријата, втора за непријавување и непостапување според протокол и кривична пријава. Воедно и проверка на начинот на кој работат“, стои во реакцијата на О2 Иницијатива.

SHARE