Добила ли Русковска докази од обвинителка дека Јанева помагала за менување на уставот? – пишува Горан Момироски

Едно од централните прашања што се наметнува во јавноста од судењето за Рекет и криминалот во СЈО е дали Катица Јанева и некои нејзини соработници работеле на поддршка за Зоран Заев при промена на уставот.

Правосудни извори тврдат дека Катица Јанева и дел од обвинителите биле директно вклучени во создавање услови за промена на уставот со носење на одлуки директно поврзани со лица инволвирани во промена на уставот. По потреба некои од нив биле апсени и приведувани а некои ослободувани.

Истите извори брифираат дека специјална јавна обвинителка од тимот на Јанева кај Вилма Русковска доставила докази за противзаконско и противуставно делување на СЈО за остварување на политички цели на Зоран Заев и СДСМ.

Изворите тврдат дека обвинителката на Русковска од својот телефон и предала преписка и пораки меѓу сите обвинителите на СЈО за “дејствувањето на Катица заради спроведување на уставните измени”.

Обвинителството и Вилма Русковска досега разбирливо не објавија вакви информации но извесно е дека еден ден ќе мораат да ја информираат јавноста дали имаат индиции дека правосудни органи носеле одлуки за политички цели што е спротивно на сите закони и уставот.

Русковска според моите информациите за дејствувањето на Јанева во корист на уставните измени, ги добила од исказ на една од обвинителите од СЈО која составила скриншот од пораки од вибер комуникација.

Доколку овие информации се точни логично е прашањето зошто досега Русковска не започнала дејствија за ова посебно дело кое е надвор од рамката на Рекет а се однесува на загрозување на највисокиот правен акт во државата.

Освен ако во моментов не течат предистражни дејствија обвинителството ќе има тешка задача да објасни зошто и покрај добиени информации молчи за мешање на судската, законодавната и извршната функција при промена на уставот.

И на неупатените им е јасно дека основата преку која се случило топењето на границата меѓу судската, извршната и законодавната власт за политички цели е случајот Империја, преку кој СДСМ се пазарел за 8те пратеници.

За ова флагрантно кршење на основата на правниот поредок еден ден некој ќе мора да даде објаснување.

На суд или во мемоари ќе зависи 12 април.

SHARE