Добиваме ли киднапирано „онлајн“ Собрание – Пишува Горан Момироски

Последната седница на Законодавно-правната комисија во Собранието уште еднаш покажува дека едно од сценаријата за пасивизирање на Собранието е работа на пратениците од дома.

Седницата на Комисијата на која вчера требало да се расправа за повеќе важни точки е прекината откако опозицијата не сакала да учествува на состанок на кој што не се почитувале мерките за заштита од коронавирусот.

Според планот пратениците требало да седат на растојание на помало од еден метар што е спротивно на законот но и опасно по нивното здравје.

Владеачките партии вообичаено немале кворум сами да ја продолжат седницата на која требало да учествува и министерот за правда Бојан Маричиќ по што сесијата е откажана.

Никој нормален не може да тврди дека власта се обидува намерно да зарази некој пратеник за да создаде алиби за работа од дома но инцидентот што се случил вчера во Собранието но секој нормален може да го наведе на размислување дека на коалицијата СДСМ – ДУИ која има само еден пратеник повеќе од потребниот минимум за носење закони и одговара “далечинско работење” на законодавниот дом.

Целта е опозицијата да нема контрола на кворумот и работата и текот на пленарните седници и на комисиските расправи особено откако од нејасни причини се откажа од потпретседателско место во патламентот.

Доколку владеачката коалиција донесе одлука за работа од дома за пратениците тогаш ќе нема кој да контролира дали навистина пратениците учествуваат во работата на Собранието или само ќе “глумат” дека се виртуелно присутни на седницата.

Предходно во повеќе наврати членови на двете владеачки партии индиректно најавува дека целта е Собранието наводно поради ковид кризата да работи преку интернет.

Всушност причините се сосема поинакви.

Најпрво двајца од 62 пратеници на мнозинството се лидерите на ДУИ и ДПА Али Ахмети и Мендух Тачи кои се двајцата најнередовни членови на седниците на парламентот во историјата. Тешко е да се поверува дека тие сега ќе бидат редовни ако Собранието работи “во живо”.

Со оглед на нивната моќ се поставува логично прашање кој е тој административец кој што ќе контролира дали Ахмети и Тачи навистина се присутни на онлајн седниците или некој во нивно име е пријавен како активен учесник во собраниските расправи.

Второ реални вербални битки седници со овој состав на парламентот не одат во прилог на власта затоа што таа има историски најлош пратенички состав во кој на сметка на интелектуалци доминираат партиски апаратчици кои воопшто не сакаат реална дебата базирана на деловникот, законите и уставот што се покажа во повеќе наврати од конституирањето.

За разлика од власта каде пратениците слепо ги туркаат партиските агенди без да кажат што мислат лично кај опозицијата, и ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Левица има луѓе кои ем знаат што зборат и со аргументи редовно ги побиваат тезите на власта, ем можат да излезат од партиските стеги за да водат реална дебата.

Трета посебна причина за власта да се обиде да го “киднапира” парламентот со онлајн сесии се двете пратенички кои се во блажена состојба и ќе мораат најмалку неколку месеци да седат дома по породувањето што ќе биде катастрофа за ионака нефункционалниот парламент.

Доколку Собранието отиде “Онлајн” двете пратенички ќе можат од дома да учествуваат во расправите, во спротивно или ќе паузираат или ќе мораат да ја напуштат најважната претставничка работа поради породилно боледување и да ги загубат и месечните примањата.

Случајот со пратеникот на ДУИ Арбен Зибери кој беше наводно заразен од Ковид19 и кој наводно беше внесен во Собранието со посебни безбедносни протоколи на првите седници кога се бираше спикер е најголемиот проблем власта да ја спроведе намерата за псивизирање на Собранието преку “онлајн” сесии.

Ако можеше за Зибери тогаш истата процедура мора да важи и за сите други пратеници.

SHARE