Добивме и повеќе од што очекувавме: Алијанса и Беса ќе гласаат за ЗЈО

Партиски извори во албанската опозиција тврдат дека нивните пратеници ќе гласаат за Законот за Јавно обвинителство за кое ќе се гласа денеска на пладне.

Иако особено Алијанса за Албанците имаше принципиелен став да не гласа за закон со кој се овозможува амнестија сепак партиски извори велат дека ако не се гласа ќе се испрати порака дека тие се против употреба на албанскиот јазик во обвинителството и против Бадинтер за кој се свесни дека не им следува за овој закон кој не допира малцински права.

“Албанците добија многу повеќе од тоа што објективно можеа да очекуваат од овој пакет закони. Зошто тоа се случи прашајте го Заев и СДСМ но ние имаме обврска пред Албанците да станеме целосно рамноправни во секој сегмент и затоа ја користиме секоја можност”, вели висок функционер на БЕСА кој инсистира на анонимност за expres.mk кој најавува дека на овие избори за прв пат може да се случи предизборна коалиција меѓу албанска и македонска партија во една или повеќе изборни единици.

Вчера знаејќи дека Села и Касами веќе донесле одлука да гласаат за Законот за Јавно обвинителство ДУИ јавно ги повика Беса и Алијансата да гласаат за Законот.

SHARE