Добивме ли најава за „марихуанска“ афера?

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев открива дека зад бизнисот со медицинска марихуана има нерасчистени прашања што ќе бидат наскоро отворени.

“На Заев не му одговара Закон за јавно обвинителство за да може да цвета бизнисот со марихуана и тоа да врви непроверено и неказнето.
Оваа недела ќе се дознае многу повеќе за тоа што има зад сцената со бизнисот со марихуана каде се “лепливите раце” на Заеви.

Како беше она #ТикТак”, прашува Јанушев и во исто време индиректно најавува информации поврзани со бизнисот со марихуана.

Неофицијално во бизнисот со марихуана во кој значителен дел се фирми блиски на семејството на лидерот на СДСМ Заев се вртат околу 60 милиони евра годишно.