Директорот за Европа во ИРИ Пол Мекарти, во интервју за македонскиот сервис на „Гласот на Америка“ изрази загриженост околу скандалот „Рекет“ и инволвираноста на  шефицата на СЈО.

„Загрижувачки е, доколку е точно. Специјалната обвинителка сама се јави со изјава, потврдувајќи дека гласот е нејзин.

Но, исто така, таа тврди дека е невина.

Треба да видиме како понатаму ќе продолжи истрагата.

Судските институции во С. Македонија треба да ја завршат истрагата, бидејќи тоа е многу важно за пристапувањето на државата во ЕУ“, изјави Мекарти, коментирајќи ја истрагата за случајот „Рекет“ и поврзаност на специјалната обвинителка Катица Јанева.

SHARE