Додека Иванов зборуваше во ОН – Жерновски заминал од салата

Андреј Жерновски, кој во својсттво на заменик МНР е дел од делегацијата што го придружува македонскиот претседател во Њујорк каде заседава Генералното собрание на ОН, ја напуштил салата на Обединетите Нации за време говорот на претседателот Ѓорге Иванов.

„Ја напуштив салата на ОН за време на говорот на Иванов, бидејќи не сакаме и нема да дадеме легитимитет на неговиот скандалозен настап, полн со манипулации, омраза и создавање непријатели. Отворениот повик за бојкот на референдумот и грубата злоупотреба на говорницата, е всушност апел за самоизолација, но и крајна неодговорност кон сегашните и идни генерации, објави Жерновски на својот ФБ профил, пренесува Нова ТВ.