Договорот со Грција ќе биде запечатен во Преспа!?

Не само што било договорено решение, туку веќе била определена и локација каде би бил „запечатен“ договорот за промена на името, и се што оди со тоа, на Република Македонија.

„Доколку се постигне договор во јуни, целта е да биде запечатен со симболичен состанок на двајцата премиери во Преспа, северна Грција, во близина на Преспанското Езеро, кое го делат Грција и ПЈРМ, како и Албанија“ пишува дел од грчкиот печат.

Главните пречки во тековните разговорите се уште се барањата на Грција  договореното име да биде”„erga omnes“ – што значи дека истото име да се користи и за домашна употреба и на меѓународно ниво – како и промена на уставот за да се елиминираат иредентистичките аспирации, како што тврди Атина.

По средбата со Ципрас во Софија македонскиот премиер Зоран Заев рече дека со грчкиот колега Алексис Ципрас се согласиле за една опција која е прифатлива и за двете страни и која значи целосно решение.

Се надевам дека ќе има решение до јуни, рече Заев.

Од своја страна Ципрас, на прес конференција која следеше по онаа на македонскиот премиер рече дека „се уште не сме во позиција да говориме за договор. Ќе има и следни чекори. Заедничка цел е да имаме резултат пред Самитот на крајот од јуни и неколку дена пред самитот на европските министри за надворешни работи“.

Двајцата премиери имаат за цел да постигнат договор до Самитот на ЕУ на 28 јуни.