Договорот со Грција на ратификација во Собрание

На денешната собраниска седница закажана за 11 часот, треба да биде ратификуван договорот со Грција за промена на името на земјава, потпишан во неделата.

Договорот вчера ги помина двете фази – на пленарна седница на која пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против и ја напуштија собраниската сала, а потоа и во Комисијата за европски прашања.

Доколку биде ратификуван договорот, Атина ќе треба да ги извести ЕУ и НАТО дека дава поддршка за членство на земјата во Унијата и во Алијансата.