Дојде животот: Героски добива закани од „фејсбук војската“ на Заев

Новинарот и уредник на „Плусинфо“, кој во изминативе месеци преку серијалот написи за „рекетарската банда“ на Коки, Кики, Фрики, Лики… допринесе за обелоденување на аферата „Рекет“ во која, покрај вмешаноста на двајца навидум маргинални ликови (во притвор), била вмешана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева (во притвор), но и не само таа… добива закани.

„ Другар Зоран Заев, ова е еден мал дел од твојата “војска” на Фејсбук.
Ilija Patarov, Petar Trikster Cenovski, Sevgim Nts Jaoski, Ilce Petkoski, Tahir Ridarov, Ivan Popov, Ljupco Efremov, Кирил Киркиновски, Slavko Shikleski, Emil Janev, Ilco Markoski, Ena Pena, Ace Kosteski, Nikola Kamcev, Чедо Димитријески, Stole Stancev, Bobi Topalovski, Andreja Dedovski, Tose Velkovski, Dragi Karovski, Zoran Dimoski…
Добар дел од нив се вработени во администрацијата, некои се претставуваат дека се од СДСМ. Заедничко им е тоа што се неверојатни хејтери. Оние од времето на Груевски за овие беа академици. Овие будали не знаат ништо друго освен да ранат со гомна, да спомнуваат машки и женски полови органи, да навредуваат на најдолни можни начини…
Со ваква “војска”, команданте Заев, иташ кон своето Ватерло.
Еве, увери се самиот каква багра се собрала околу тебе. Сите коментираат на пост на страницата на Плусинфо под мојата последна колумна. Види каква “креација” е тоа, каков придонес кон твоите “реформи”.
Патаров не е меѓу нив, но неговите жестоки навреди ги документирав. Размислував да го тужам. Го знаеш, тој е твој кадар, струмичанец, муртинец…
Еве неколку скрин-шотови, друже Заев, читај ги коментарите. Не барам ништо од тебе. Само читај и уживај“, порача Героски на Фејсбук.

SHARE