Документите за тендерот на М-НАВ стигнаа во Антикорупциска

Претпријатието за воздушна контрола М-НАВ ги доставило до Антикорупциската комисија документите потребни за постапката во која се истражува дали генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски го местел тендерот за набавката на радарскиот систем за летање за потребите на ова претпријатие.

Од ДКСК ќе почнат да истражуваат дали постои корупција во случајот.

Од државното обвинителство нема информации дали е отворена истрага за ген-секот на владата Драги Рашковскино и за директорите на М НАВ кои јадоговарале постапката за тендерот.

За случајот беа објавени две аудио снимки од разговор меѓу Рашковски, разрешениот технички директор на МНАВ Климент Чапуњовски и директорот и претседател на управниот одбор на компанијата, Николче Тасески. Тендерот тежел 7 милиони евра а требало да го добие италијанската фирма „Леонардо“.

За овој случај беа објавени две аудио снимки , а денеска на распит во полиција беа новинарите Љупчо Златев и Горан Момировски.

SHARE