ДОМ: Да не се гради град голем колку Ресен во Расадник


Партијата ДОМ остро се спротивставува на предложениот ДУП за Расадник со кој се планира изградба на 100 згради за околу 20.000 станари.

Од партијата сметаат дека предложениот деталниот урбанистички план неколкукратно ја надминува густината на жители предвидена со ГУП-от на Град Скопје.

„Тоа е соодветно на вкупниот број жители на еден помал град, како Делчево или Ресен“, велат од ДОМ и сметаат доколку се реализира планот дополнителен проблем би претставувало и обезбедувањето соодветна комунална и сообраќајна инфраструктура за толку голем број жители.

„Наместо нови згради, да се направи парк во овој дел на градот“, велат од ДОМ и бараат од советниците на општина Кисела вода да не гласаат за ДУП-от за Расадник.

SHARE