Домот на културата во Штип нема радијатори – исчезнале!

„Центарот за култура нема затоплување со години затоа што сите радијатори преку ноќ или за кратко време едноставно ги снемало. Останаа само цевките, а над 50 радијатори изчезнаа како да се однесени некаде за старо железо. И покрај пријавите, никој досега нема одговор каде завршиле радијаторите и кои се сторителите“, изјави драматургот Трајче Кацаров за СакамДаКажам.

Пијанистот Симон Трпчески мораше да откаже концерт во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип бидејќи немаше греење.

„Не само Симон, туку измрзнаа и младите музичари од училиштето, кои го имаа традиционалниот новогодишен концерт како завршна манифестација од нивното образование во годината што изминала. Измрзна и публиката која до последното место ја исполни големата, но студена сала на ‘Ацо Шопов’“, вели Кацаров.