„Орка Холдинг“ и „Аџибадем Систина“ одвоија фонд од 20.000.000 денари или 325.000 евра од кои 315.000 евра за подмирување на трошоците за престој на лицата во карантин, како и за заштитни средства, дезинфекција, заштитна опрема, фиксни трошоци, медицинска поддршка од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и плати на ангажираните лица кои целиот период ќе работат во карантинските центри, 70 дена. Договорот е склучен помеѓу Владата на РСМ и фирмите „ОК Хотел“ и Орка хотел“.

Од овие средства, 10.000 евра се издвоени за заштитна опрема, односно, заштитни маски, одела и ракавици за СВР Скопје и Здравствените установи во Дебар.

Компаниите „Жито Полог“ и „Здравје Радово“, кои се дел од оваа групација, и произведуваат основни прехранбени производи нема да ги зголемат цените на своите производи во однос на 1.1.2020 година. Двете компании работат со непречено производство и со полн капацитет. „Жито Полог“ месечно работи со полн капацитет и произведува 1.500 тони брашно Тип400 и Тип500, како и 600 тони сточно брашно и моментално има залиха на пченица сосема доволна за следните 4 месеци.

Млекарата „Здравје Радово“ која произведува 150 тони месечно кашкавал и сирење исто така работи во полн капацитет, и моментално има залихи доволни за 6 месеци.

Компанијата „Орка Холдинг“ како компанија која 30 години е дел и значаен столб од економскиот систем на државата и Клиничката Болница „Аџибадем Систина“, која 19 години е врвен лидер во здравството, со низа преземени активности, ставија на располагање бројни медицински и сместувачки капацитети, кадар и  медицинска опрема. Оваа помош и поддршка е ставена на располагање на граѓаните и на Кризниот штаб на Владата на нашата земја со цел справување со новонастанатата состојба предизвикана од глобалната пандемија на вирусот ковид-19.

(Плусинфо)

SHARE