Донесен законот за амнестија, не куртулија сите

Попладнево со 95 гласови „за“: Собранието го усвои Законот за амнестија за настаните на 27 април.

За законот гласаа 95 пратеници меѓу кои имаше и дваесетина од ВМРО-ДПМНЕ.

Законот покрива амнестија на дел од обвинетите за организираниот напад на Собранието на 27 април.

Со него нема да бидат амнестирани организаторите и налогодавците на нападот, тие за кои ќе се докаже дека извршиле насилство, како и тие што носеле капи фантомки и оружје.

Сите обвинети ќе можат да поднесат барање за амнестија најдоцна до истекот на петтиот дена од носењето на законот

SHARE

2 Коментари

  1. “AMNESTIJA” za tie sto ne napravile “krivicno delo” ….. po se izgleda samo za oni so neovlasteno vlegle i se prosetale vo sobranieto ! ! ….. “pravni” budaletinki ! !

  2. Кафезот на социјал-демократскиот шаблонизиран начин на механицистичко мислење ни вели дека тие донеле „историски договор“, алудирајќи на илегалниот и квислиншки т.н. Преспански договор меѓу Република Грција и „Втората страна“, со која сакаат – за вјек и вјеков – да го забранат името Македонија, но само во Република Северна Македонија (а не и во Грција)!? Овие испервертирани умови, кои после испорачаниот резултат за прекрстување, веќе си имаат обезбедено угледни интернационални службенички кариери низ разно-разните меѓународни организиции по белиов свет – а за кои ви тврдам дека, по некоја година, ќе ги бараме со потерници за сторениот антидржавен криминалитет од најсериозни размери – никако да сфатат дека „историјата“ на која тие алудираат не е некоја апартна персона која се служи со Човекот како со средство за да ги оствари своите повисоки (натовски/европски) цели, туку дека Историјата не е ништо друго освен човекова активна дејност што стреми кон своите прогресивни цели. А нема ништо прогресивно во самоукинувањето! Напротив. Тоа е највисок облик на регресија.

Comments are closed.