Дописничка на ЕРТ до Би-Би-Си: во животот не сретнала Македонец во северна Грција!

Реагирајќи на прилогот на Би-Би-Си за „непостоечкото“ македонско малцинство во Грција дописничката на грчката државна телевизија ЕРТ од Велика Британија, Евдоксија Либери, посочи „крунски доказ“.

„Ова е – непотпишан – напис, за жал, полн со неточности. Во моите 52 години во Солун и во Македонија (мисли на делот во Грција – н.з.) никогаш не сум сретнала ЕДНА личност, а – познавам многу – што тврдела дека има славомакедонско потекло или ЕДНА личност што познава некој што има (такво потекло)“, напиша таа на својот профил на Твитер.

„Невидливите“ потоа ја затрупаа со реплики на нејзиниот твит.

„Тоа е затоа што повеќето избегаа од прогон по грчките територијални придобивки добиени преку Букурешкиот договор. Ние сме Егејски Македонци од Дреновени и Габреш. Ги сменивте имињата на нашите села. Се обидовте да го смените името на дедо. Ете како функционира етничкото чистење“ – Ален (Ловачов) Смит.

„Ова е смешно. Сретнувам по еден секој пат кога одам на одмор во Северна Грција. Мислам дека ја пропушташ поентата. Тие не беа слободни да се изразат“ – Кристофер.

„Каде се плашат да споменат дека се етнички Македонци; дали спомнале ли дека претпочитаат да не им се обраќаат како на Славомакедонци; често ли одиш само во Солун (попрво отколку во руралните области) или сето тоа/ниту едно од горенаведените? Само сум љубопитен“ – Ханс ван ден Берг.

„Ова укажува на нивото на репресија и на прогон против македонското малцинство. ‘Славомакедонец’ е вашиот навредлив опис кој укажува на недостиг од почит кон самоидентификација на друго лице. Македонците не се идентификуваат како такви под грчка окупација“ – Јордан Груев.

„Тоа е затоа што вашите лидери направија многу темелна работа со бришењето на трагите од нив и убедувајќи се, како и многу други луѓе како вас, дека народот не постои и никогаш не постоел. Но, тие постоеја и постојат“ – Ед Гадсел.

„Значи, велите дека сте ја исчистиле Македонија навистина, навистина добро, нели?“ – Игорче Развигорче.

SHARE

5 Коментари

  1. ГОРДАНА СИЉАНОВСКА Е ВО РЕД КАНДИДАТ НО АКО ГИ ПРИФАТИ ЈАВНО ПОЛИТИКИТЕ И СТРАТЕГИЈАТА НА ИГОР ЈАНЕВ ОДНОСНО ВЕДНАШ РАСКИНУВАЊЕ НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР И ПРЕД УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ!
    НЕКА СИЉАНОВСКА ЈАВНО ГО ПОДДРЖИ ИГОР ЈАНЕВ!

Comments are closed.