Доскорешен амбасадор останал без работа

Петар Поп-Арсов, доскорешниот постојан претставник на Република Македонија при Советот на Европа во Стразбур, добил отказ од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Отказот му бил даден на 6-ти март, и тоа во време на распишани претседателски избори, дознава Макпрес.

Отказот доаѓа во момент кога Владата бара експерти бидејќи во државниот сектор немало кадровски решенија за да се состават преговарачките тимови за пристапниот процес кон ЕУ.

Поп-Арсов со години бил во контакт со највисоките европски институции.

Поп-Арсов ја потврди информацијата за отказот.

„Да, точно е дека ми беше врачено Решение за престанок на работниот однос на 6-ти март оваа година“ вели Поп Арсов според кој решението било врачено за време на распишани претседателски избори, со што е прекршен членот 8-а од Изборниот закон.

Амбасадорот е подготвен да го тера случајот до Судот во Стразбур, ако овде правдата не биде задоволена.

SHARE