Пациентите на кои им е потребно маслото од канабис се сосема заборавени во предлог-законот за опојни дроги и психотропни супстанции, што го предлага Министерството за здравство, тврди Филип Достовски од здружението „Зелена алтернатива“.

Околу тоа дали бизнис-интересот и профитот од извозот на сув цвет од канабис се главниот мотив во моментот овој закон да помине пред Собранието, а регулативите за корисниците и за пациентите ќе почекаат подобри времиња, дебатираа министерот за здравство, Венко Филипче, Костадин Дуковски, претседател на здружението на производители на канабис за медицински цели „Мак канабис“, и Достовски.

„Црн хумор е да кажете дека ќе го истурите сувиот цвет од канабис ако законот не помине и не го извезете. Додека на илјадници пациенти им е неопходно маслото од канабис и се снаоѓаат на црниот пазар, вие правите закон кој единствено ќе го штити извозот“, вели Достовски.

Достовски вели дека е лицемерно тие да се повикуваат на европски искуства кога кај нас во секое маало и во секоја зграда има берем по еден случај каде што маслото е единствена надеж и лек, а луѓето мораат да ризикуваат и да се снаоѓаат на црниот пазар.

Макфакс

SHARE