Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи со службеното возило „Фолксваген пасат“ утрово беше паркиран на Кеј 13 Ноември во Скопје.

Иако на шеталиштето е забрането паркирање, денеска прекршок направи и потпретседателот на Владата и член на СДСМ Битиќи.

Екипата на САКАМДАКАЖАМ.МК го регистрираше службено возило паркирано на плочникот меѓу терасите, а по извесно време и вицепремиерот Битиќи како излегува од едно од кафулињата на кејот, влегува во возилото и заминува.

SHARE