Kопретседавачот од македонска страна од Мешовитата комисија за историски прашања проф. Драги Ѓоргиев во гостување на ТВ „Европа“ вели дека паралелно треба да егзистираат и македонското и бугарското гледиште за идентитетот на Гоце Делчев.

Тие мора да бидат рамноправни, изјавил Ѓоргиев според кој прашањата за идентитетот тие околу кои нема разбирање во двете земји.

„Секогаш ќе има дебати за идентитетот на Гоце Делчев и во Македонија и во Бугарија, со оглед на неговото место во пантеонот на националните херои. Ако постои добра волја од двете страни, може да се постигне резултат. Еден начин е „мултиперспективност“. Двете гледишта за Гоце Делчев мора да опстојуваат паралелно. И ова нема да биде пречка тој да се слави на обете страни “, рече проф. Ѓоргиев во емисијата „Слободна зона“ со Георги Коритаров, пренесе БГНЕС.

Македонскиот историчар нагласил кога се зборува за Гоце Делчев, емоциите во Македонија се на највисоко ниво. Според него, работата на заедничката комисија треба да продолжи, но проблемите не можат да се решат без дијалог.

„Јас и моите бугарски колеги имавме онлајн состанок на почетокот на летото и се согласивме да имаме состанок на крајот на септември или почетокот на октомври и ќе се одржи во Скопје. За неколку дена ќе испратам покана до моите колеги во Бугарија, има неколку технички прашања што треба да ги направи македонската страна и потоа ќе биде испратена поканата “, рече проф. Ѓоргиев.

Запрашан дали македонските историчари во комисијата се подготвени да ризикуваат земјата да не добие датум за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ поради проблеми со личноста на Гоце Делчев, Ѓоргиев со одговор:

„Ова е веќе прашање на политика, не можам да ја коментирам позицијата на Бугарија. Но, таквата политика би била погрешна, таа нема перспектива. Ваквата бугарска позиција ќе зададе последен удар врз билатералните односи. Недовербата на Македонија кон Бугарија ќе биде на највисоко ниво “.

SHARE