Светски познатиот романски војсководец грофот Влад Цепеш, попознат како грофот Дракула, имал резиденција во Бугарија, открива бугарскиот  археолог Николај Овчаров.

Во гостување во „Bulgaria On air“, тој вели дека резиденцијата на Дракула била во тврдината во Свиштов, каде наскоро Овчаров и неговиот тим почнуваат ископувања. Овчаров вели дека се надева дека замокот наскоро ќе стане туристичка атракција.

Првите ископувања на тврдината во Свиштов се правени во 1961 година , кога биле откриени делови од замокот, кој е доста добро сочуван.

„Целта ни е да ја вратиме историјата на тврдината Свиштов… Во 1461 година тврдината била освоена од грофот Влад Цепеш – Дракула. ​​Таа му некое време му била резиденцијата… Битката меѓу него и Турците за Свиштов била прилично жестока. Ѕидовите на тврдината се сочувани и до 7 метри височина. Таа може да стане еден многу интересен туристички објект“ вели археологот Овчаров.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар