Државата купува апарати за коцкање за 6,5 милиони евра

Државната видео лотарија на Македонија ќе добие 1.500 апарати за коцкање во вредност од повеќе од 6,5 милиони евра.

Договорот бил склучен на 2 јануари со компанијата „Евро Гамес Технологи“, која има седиште во Софија.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта наместо да работи на ограничување на бројот на обложувалници и казина, купува апарати за коцкање.