Државата купува „метларки“ од фирма на Кочо Анѓушев

Три комунални претпријатија од три општини: Штип, Радовиш и Центар – синхронизирано кон крајот на минатата година распишале јавни набавки и набавиле машини за метење на јавните површини во вкупна вредност од 10.2 илиони денари денари (166.829 евра).

Договорите се склучени со компанијата „САНДРА-М Љупчо ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци”, за набавка на електрични метларки од брендот “Green Machines” кој е производ на фабриката “БРАКО Веле“, која е во сопственост на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Извор: Економски лидер