Државата нема пари за шампионот?


Македонскиот натпреварувач во автомобилски трки и европски шампион на ридски патеки, Игор Стефановски – Иџе ја обвини Агенцијата за млади и спорт АМС за неспортски потези, бидејќи не добил ниту денар од редовните средства од буџетот.

„Наместо Агенцијата за млади и спорт да биде најголемиот сојузник на врвните спортисти, таа стана најголемата пречка за постигнување на врвни спортски резултати. Срамно е за институцијата која ме има прогласено за најдобар спортист на Македонија за 2014 година, која ми го има доделено највисокото Национално спортско признание и тоа како резултат на моите спортски успеси, оваа година и оваа натпреварувачка сезона, едноставно да ме заборави“ , пишува Иџе во отворено писмо до јавноста.

Тој вели дека е срамно да „паузира“ поради тоа што бил „заборавен“.

„Едноставно е срамно да се каже дека единствената причина за мојата натпреварувачка пауза е тоа што сум заборавен од единствената институција во Македонија која е задолжена за развојот на спортот и поддршка на македонските спортисти“ – порача Стефановски, пренесува „Фокус“.

Тој најави и прес конференција наскоро, каде ќе ги обелоденел деталите за односот кон него и неговиот тим од страна на АМС.

SHARE