По сторијата на телевизија 24 за малиот Милош кој со операција на срце, оди со магаре или пешачи по три часа, за да стигне до училиште реагираше и министерот за здравство, Венко Филипче.

Во понеделник на Милош ќе му бидат направени прегледи, бидејќи деветгодишното дете е родено со срцева маана.

Откако Милош е опериран пред девет години во Бугарија, не бил на никаков преглед, бидејќи неговите родители немаат пари.

SHARE