Директорот на Агенција за филм, Горјан Тозија, со груб речник ја нападна новинарката Сунчица Уневска за нејзин коментар околу неодржувањето на фестивалот „Браќа Манаки“.

„Смешна си со своето незнаење и злоба…, „простота и злоба…“, „штета што некој ти дал право на јавен збор и простор да го злоупотребуваш“…

Вака Тозија на Фејсбук го коментираше текстот на Уневска под наслов „ДФРМ целосно го понижи фестивалот ‘Браќа Манаки’“,

За неодржувањето на фестивалот Уневска напиша:

„…Молчи Кинотеката на Македонија, молчи градот Битола, кои се подеднакво основачи на овој фестивал како и Друштвото на филмски работници, молчи државата која ги дава тие пари, молчи политичката партија која е на власт и си го поддржува својот избор на директор на Агенција за филм, кој заедно со ДФРМ ја донесе оваа одлука.

А без срам, на овој т.н. настан беа и претседателот на ДФРМ, Игор Иванов и директорот на Агенција за филм, Горјан Тозија, кој во моментов и не е директор, бидејќи му е истечен мандатот, без око да им трепне. А и зошто би им трепнало? Кога едноставно им се може…“,

МКД.Мк.

SHARE