Државниот непријател бр. 1 го возвраќа ударот за Рекет: Врз база на искази прашува за луѓе од врвот на СДСМ

Новинарот Александар Митовски кој се чувствува како државен непријател број 1 откако доби најава за тужби од врвот на СДСМ, преку прашања кои ги темели на исказот на Орце Камчев објавува дополнителни прашања за случајот Рекет.

Митовски цитира делови од страници на исказот на Камчев кои не се објавени но и искази од други сведоци кои не ги открива.

Дел од текстот на Митовски:

“Доколку премиерот Заев и обвинителката Русковска, навистина сметаат дека против дезинформациите најдобро е да се бориме со вистината, имаат можност да одговорат на следните прашања:

Дали е точно дека на втората страна од кривичната пријава на Камчев пишува

-Јас бев притворен како што кажав на 8 ноември, петок, а во неделата мојата сопруга беше повикана од Зоки Милевски да се сретнат со Васе Димишков, адвокат од Скопје. Во вечерните часови, ден недела, мојата сопруга била однесена во таен стан во населбата Капиштец. Во станот биле мојата сопруга со Зоки, а Васе Димишков ги чекал во станот, појаснува бизнисменот Камчев во пријавата до обвинителството за организиран криминал. …Васе и побарал 2,4,6 милиони евра (на Ана Камчева) во зависност од опцијата, при што и кажал дека поголема група на луѓе треба да се подмири од сумата и дека во оваа група биле вклучени и обвинителката Лиле Стефанова и неговата сестра, судија Весна Димишкова која после ова би заминала во пензија – додава Камчев.

Дали е точно дека на третата страна од исказот, некаде во средина на текстот, Камчев објаснува дека тој со сопругата се договориле случувањата да му ги пријават на директорот на УБК Горан Николовски?

Дали е точно дека на четвртата страна од кривичната пријава, се објаснува што се разговарало на состанокот со шефот на тајната полиција, каде е спомената Фросина Ременски се вели:

– Веќе споменав дека мојата сопруга Ана се виде со директорот на УБК, Горан Николовски при што истата му даде информации што ни се случува, но не целосни, на што Горан и кажа дека тој е спремен да превземе дејствије во насока на докажување на тоа што му го кажала Ана, а кога таа го прашала со кого би соработувал, затоа што знаеме како што кажав дека Бојан е близок со многу обвинители, а и со полициски службеници од МВР. Особено се фалеше со неговата близина со Јовче Ременски и Фросина Ременски, на што Горан и кажал дека ќе се договори со Вилма. Тој сакал да даде предлог до обвинителството за примена на ПИ-мерки како би можело сето ова да се документира на законит начин, вели Камчев во исказот пред обвинителката Рускоска.

Дали е точно дека на третата страна од кривичната пријава, на крајот на текстот од истата страна се споменува името на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, која била на вечера со Катица Јанева и Бојан Јовановски?

-Вечерта знам, дека кај мене дојде Бобо Јанковски, сопругот на Радмила Шекеринска со еден пријател негов да гледаме фудбал и се смеевме со Бојан бидејќи тој ми кажа дека со него на вечера ќе биде Радмила Шекеринска, со Катица Јанева. Следниот ден ми покажа фотографии од вечерата. Бојан на овој начин го злоупотребуваше познанството со политичарите за да на нас ни покаже колку е моќен, посочува Камчев.

Дали е точно дека на третата страница од дополнувањето на исказот на кривичната пријава, даден на 20.05.2019, пишува:

-На прашање дали после средбата со премиерот Заев, имал контакт со Бојан Јовановски или со Катица Јанева, подносителот одговори не, но имав комуникација со Зоран Милевски кој што имаше добиено информации дека сум го пријавил случајот, мислам дека од премиерот, стои во записникот на обвинителството за организиран криминал од исказот на Јордан Камчев.

Целиот текст на инфомакс.мк на овој линк

SHARE