Груби бара нарко-тестови за сите кои вршат јавни функции

И пратеникот на ДУИ Артан Груби смета дека е потребно да се воведе контрола за секој пратеник или функционер којшто врши јавна дејност, како што се судии и обвинители, за контрола во врска со користење наркотици.

Ние, вели Груби за таканаречениот „ветинг“, ја почнуваме  „од нашите редови во ДУИ и сакаме да ја предложиме на Собранието, а очекуваме и поддршка од граѓанскиот сектор и медиумите. Секој кој врши јавна функција треба да подлежи на овој тест и ние очекуваме поддршка од сите кои се искрени“, рече пратеникот на ДУИ.

Тој не сакаше да одговори дали Павле Богоевски треба да ја напушти функцијата пратеник.

SHARE