ДУИ бара неселктивна правда и за дивоградбите на Матка

Демократската унија за интеграцијаа реагираше на мислењето на Антикорупциска која најави кривична против градоначалникот на Сарај Блерим Беџети, (кој е од редовите на оваа партија) за недејствување во случајот со дивите платформи на Матка.

„Институциите треба да продолжат да дејствуваат со најголем интензитет за да ја инсталираат правдата низ целата земја, но во рамките на некои основни принципи:

– правда да, но не и селективна правда

– правда да, но не и правда поттикната од дневната политика

– правда да, но не во контекст на трка за популарност на претставниците на институциите, туку врз основа на цврсти факти и докази“, реагираат од партијата.

Инаку, од Антикорупциска се уште не јго испратиле предметот до Јавното обвинителство кое , пак, во рок од 30 дена ќе одлучи дали да покренува постапка против Беџети.

Неселективна правда, од ДУИ побараа и за случајот со берсправо изградената пицерија во центарот на Охрид од страна на советникот Нефи Усеини и член на оваа партија.

SHARE