ДУИ чека покана од СДСМ за влада, но не исклучува коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Бујар Османи во интервју за косовската телевизија Т7, вели дека ДУИ очекува покана од СДСМ за формирање ново парламентарно мнозинство.

Но, во исто време, Османи не исклучува и коалиција со ВМРО-ДПМНЕ
пренесува Алсат.

За шпекулациите дека ДУИ би се откажале од идејата за Албанец премиер, за т.н. ротирачки премиер, Османи вели дека се „коментари на аналитичарите“, иако како партија не би имале ништо против за таквата идеја. Османи рече дека нивниот предлог за премиер е симболичен.

Ниту една од партиите досега не потврди дека официјално ги почнале преговорите за формирање влада.

СДСМ најави дека како предводник на коалицијата која освои најмногу (46) мандати во новиот состав на парламентот ќе ги почне разговорите за состав на идната влада по конститутивната седница на Собранието, на 4 август (вторник).

SHARE