ДУИ носи помош од Косово за изборите во Дебар

Од ДУИ го повикале братот на косовскиот премиер Рамуш Харадинај да им помогне на локалните избори во Дебар.

Изборите за градоначалник на Дебар се случуваат по смртта на Ружди Лата.

Даут Харадинај кој е пратеник во косовскиот парламент по посетата на Дебар каде лобирал за кандидатот на ДУИ од дел од албанските медиуми беше обвинет дека наместо да оди во изборна кампања треба да ги посети неговите другари учесници во настаните во Диво Насеље.

Осудените за убиството на 8 македонски специјалци се сметаат за блиски на Даут Харадинај со кои се бореле во косовскиот конфликт во 1999 година.