При усвојувањето на предлог-законот за употреба на јазици од Владата во септември 2017 година, Венецијанската комисија соопшти дека „законското решение треба да биде во согласност со препораките на Венецијанската комисија“, потсетува „360 степени“

„ЕК е информирана дека Владата го усвои предлог-законот за употреба на јазиците и дека планира да го достави до Собранието. Го поздравуваме фактот што Владата во својот план „3-6-9“ се обврза да се консултира со Венецијанската комисија за нацрт-законот и очекуваме дека ќе се разгледаат препораките на таа комисија“, изјави тогаш за „Мета“, Маја Коцијанчич, портпаролка на Европската комисија.

Комисијата излезе со ист став и при усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во Собранието во март 2018 година, бидејќи предлог-законот, и покрај најавите, до тој момент не беше испратен на разгледување во Венецијанската комисија.

„Европската комисија очекува Законот за употреба на јазиците да биде испратен до Венецијанската комисија, како што е најавено во планот „3-6-9“, и го нотира вчерашното усвојување“, изјави тогаш за МИА портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич.

Во интервју за „Макфакс“ дадено во јули 2017 година, вицепремиерот Бујар Османи тогаш изјави дека „препораката на комесарот Јоханес Хан била законот за употреба на јазиците да биде претходно оценет од Венецијанската комисија, па потоа да оди на усвојување, со цел да се спречи можноста законот во иднина да биде оспорен пред Уставниот суд“.

Денеска Османи со дијаметрално спротивен став и покрај забелешките на Венецијанската комисија.

SHARE