По одлуката на претседателот Стево Пендаровски да го назначи Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање, вицепремиерот Бујар Османи изјави дека тоа создаде загриженост во ДУИ.

“Вчерашната одлука на претседателот нe вознемири сите. Мислиме дека тоа беше одлука донесена од недостаток на информации”, рече Османи.

Муслиу, во 2011 година, бил еден од кандидатите на претседателот на државата, но на тоа тогаш се спротивстави ДУИ.

До назначувањето тој ја вршеше функцијата помoшник во Агенцијата за разузнавање.

Османи, вели дека се додека предметот Куманово не биде целосно разјаснет, инволвираните лица не можат да заземат клучни позиции во институциите.

Тој се надева дека претседателот ќе го разгледа изборот на Муслиу, за кој верува дека не го направил за други цели.

SHARE