Ана Дукоска, глобална координаторка на непартиското движење „Ние сме Македонија“ од Вашингтон, јавно го прозва вториот човек на Агенцијата за иселеништво.

„Осман Шукриу, заменик-директор на државната институција Агенција за иселеништво на Република Македонија, на официјални средби со иселениците во САД.

Зошто не е објавен детален распоред на средбите со иселениците со прецизна локација, датум и време? Или се затворени средби со албанската дијаспора и со нивните бизнисмени предизборно?

Најавуваат дополнително и средби со преставници на албанските училишта??? А македонските училишта?

Немам намера да подгревам етничка тензија, но не гледам причина за претставник на македонската агенција за иселеништво да остварува средби со албанската дијаспора. Албанија се грижи одлично за своите иселеници, а Македонија за своите???

Која држава ја претставува Шукриу?“, прашува македонската активистка од САД.