Ана Дукоска, глобална координаторка не непартиското движење „Ние сме Македонија“, им го честита роденденот на Соединетите Американски Држави со алузија на сегашната битка со демонстрантите што ги уништуваат спомениците во САД со акциите на припадниците на т.н. Шарена револуција во Македонија.

„Среќен роденден Америка, земјата на слободните и дом на храбрите! Никој не може да ја разбере битката што се одвива сега во САД подобро од нас Македонците. Битка за зачувување на наследството, на историјата и на величината на Америка и на #Македонија.

#ГласајЦрвено2020 #Македонците за Трамп“, објави на Твитер македонската активистка од Вашингтон, организатор на повеќе од 40 протести на Македонците низ светот против Тиранската платформа и преименувањето на македонската држава.

SHARE