Поранешниот директор на Македонска опера и балет, Игор Дурловски, го коментира враќањето на оригиналното име на културната установа пред и на објектот преку графити, откако пред два дена беше изваден зборот „македонска“ од натписот на неа.

„Кога дојде време во Северџанистан графит што содржи ‘македонско’ да е герила акција, а нам ни е као нормално, тогаш ние сме навистина за колективно лечење“, напиша оперскиот пејач на својот профил на Фејсбук.

SHARE