Дурловски: Нашата победа е сигурна (ВИДЕО)

„На овие избори Коалицијата „За обнова на Македонија“ нуди програма која е одговор на потребите на нашите граѓани и на нивните приоритети јасни“, порача носителот на изборна единица 5, Игор Дурловски кој рече дека му претставува особена част што кампањата за парламентарни избори ќе ја започне од својот роден крај Битола.

време да се врати достоинството на државата, да се овозможи владеење на правото, да се зајакне економијата, да се консолидира здравствениот систем, да се унапреди и образованието, да се стави на заслужено место македонската култура, рече Дурловски.

„Ова е нашата визија, во која што може да се препознае секој граѓанин и која нуди решенија за најгорливите прашања во Македонија. Сигурен сум дека македонскиот народ ќе го препознае тоа и на 15-ти јули по сите здравствени протоколи на избори ќе го даде својот глас за ВМРО-ДПМНЕ и за Коалицијата „За обнова на Македонија“.

Да покажеме дека нивното време заврши. Дека сме посилни од нив, дека Македонија е посилна од се“, нагласи Дурловски.

SHARE