Дурловски: Верувам во мудроста на македонскиот народ

Оперскиот пејач Игор Дурловски смета дека нема да биде лесно, но верува во мудроста на македонскиот народ да се избори за основното право да решава за својот живот.

„Прво го игнорираа нашиот глас, потоа нè исмеваа, навредуваа, набедуваа, се бореа против нас и но затвараа, пробуваа да нè избришат и до ден денес уште нè замајуваат со театрални вести и секојдневни катастрофи, потценувајќи нè.
Заслепени од сјајот на моќта, глуви од фалбите кои сами за себе ги кажуваат, водени од личните интереси и ситните страсти, не можат да видат дека овде врие.
Не можат да го чујат крикот на БУДНИТЕ и освестените, бидејќи се оддалечија од нив како острови.
Основно право на македонскиот народ е да ОДЛУЧУВА за својот живот а јас верувам во неговата мудрост.
Бидејќи сум свесен дека нема да биде лесно, знам дека е потребно да се фокусираме, а сè додека во нашата агенда работите се поставени по логичниот редослед, по вистинското значење, сè додека ЛОЈАЛНОСТА КОН МАКЕДОНИЈА ни е на прво место, убеден сум дека ИМЕТО, СЛОБОДАТА на праведните и патриотите, ПРАВДАТА за обесправените, подобар ЖИВОТ за потиснатите и измачени граѓани, економската преродба и БОРБАТА за унапредување во секое поле, се прашања за кои ќе се бориме и ќе се ИЗБОРИМЕ!“, порача на Фејсбук еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

SHARE