Дурловски влегол во Собрание на 27 април за да ја убие Шекеринска, обвини таа! (ВИДЕО)

Потпретседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 го обвини својот главен конкурент во петтата изборна единица Игор Дурловски дека на 27 април 2017 година влегол во Собрание за да ја убие!

„Јас не умирам од желба да дебатирам со човекот кој влезе во Собрание да ме убие или да организира други коишто ќе ја завршат валканата работа за него“, рече Шекеринска за еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ тогаш, единствен со ослободителна пресуда, и тоа откако не побара амнестија.

SHARE